Loading Video...
Балкан
18. December 2017 - 19:13

Со солзавец и чизми нападнат Еди Рама

Изборот на привремен јавен обвинител на Албанија доведе до тепачка во албанскиот парламент.  Претставниците на власта и на опозицијата  се степаа во собрнаиската сала во која се гласаше Арта Марку да биде назначена за таа функција.  Опозицијата која е против Марку да биде нзначена за таа фунцкија,  фрлаше  димни бомби и чизми кон  неа, како и кон премиерот Рама. Тензично беше и пред  зградата на Законодавниот дом. Полицијата се судри со  околу 3000 опозициски  демонстранти кои се обидоа насилно да влезат во Парламнетот. Марку сепак беше избрана само со гласовите   на владејачките социјалисти.

 

Курц и останатите членови на новата австриска влада положија заклетва

Себастијан Курц и официјално е новиот канцелар на Австрија.  Шефот на конзервативната народна партија ќе владее во коалиција со екстремно десничарската Партија на слободата.  Новата влада има 16 членови, кои утрово положија заклетва пред шефот на државата Александар ван дер Белен. Поради учеството на Партијата на слободата во владата,  во Виена се одржуваат  демонстрации. 31 годишниот Курц освен што стана најмладиот канцелар на Австрија досега, тој е и најмлад актуелен шеф на  влада во светот.

 

Путин – Благодарност до Трамп и ЦИА за дојавата за терористички напади во Санкт Петербург

Белата куќа и Кремљ  објавија  дека Путин му се заблагодарил на Трамп  и на ЦИА за навремено доставените информации  со кои беа спречени неколку бомбашки напади во Санкт Петербург изминатиот викенд. Претседателите на САД на Русија  во телефонскиот разговор се согласиле дека е добро нивните земји да соработуваат во борбата против терористите. Во петокот руската федерална служба за безбодноста  објави дека 7 членови на ИД биле притворени за нивната вмешаност во заговорот.