Бизарно но вистинито
26. February 2016 - 10:48

Со секс до смрт: Ја убил љубовница користејќи краставица како секс играчка!

Оливер Дитман (46) може да добие до пет години затвор, по смртта на Рајс Варна (46). За време на судењето Дитман во своја одбрана објаснил како дошло до овој немил настан.
 
Како што кажал, тој и неговата љубовница Рајс Варна (46) се нашле во неговиот стан кога и кажал дека неговата жена и децата заминале надвор од градот.
 
Прво за загревање, испиле поголема количина вино, а потоа преминале на забава.
 
Бидејќи Рајс заборавила да ги понесе сексуалните играчки, кои постојано ги користеле при сексот, одлучиле по кој знае кој пат наместо вибратор да употребат зеленчук. До тогаш на нивното сексуално мени имало морков и тиквичка, но тој пат замена нашле во краставица.
 
Бидејќи сакал да ја задоволи, Дитман ја земал краставица и почнал да работи. Признал дека бил под гас, но најважно му било таа да ужива.
 
- Во еден момент ѝ ја ставив краставицата во устата. Но одеднаш видов чад кој доаѓа од кујната. Заборавив дека ставив парче месо на оган, да се готви за моето куче. Истрчав во кујната, го нахранив кучето, потполно заборавив на Рајс излегов на балконот да запалам цигара. Кога се вратив во својата соба, таа беше во несвест, рекол обвинетиот.
 
Се обидов да ја извлечам краставицата од нејзината уста, но беше кашеста па не успеав цела да ја извадам, додал Дитман.
 
Вештаци од медицинската струка сведочиле дека краставицата го блокирала гркланот, го пресекла снабдувањето на воздухот и предизвикал кома.
 
Обвинетиот морал да знае дека не смее да ја остави толку долго, рекол обвинителот Рајнхард Хофман.