Бизнис
20. February 2018 - 20:41

Со седум милиони евра пограничните региони ќе ги подобруваат туризмот и локланите бизниси

Прекуграничните региони од Македонија и Бугарија на располагање имаат нови седум милиони евра од Европската Унија. Средствата се дел од вториот повик на Интерег ИПА програмата, а се наменети за реализација на проекти од областа на животната средина, туризмот  и подобрување на конкурентноста на регионалните бизниси. Средствата може да ги користат  општините, невладини организации, образовни ,научни и културни институции, организации за поддршка на бизнисот од двете страни на границата.

,, Овој процес ќе биде направен и прцесуиран на најтранспарентен начин. Ги замолувам да подготвуваат што е можно подобри проекти и посериозни проекти кои вистински ќе влијаат за подобрување на квалитеот на животот на граѓаните на Република Македонија. Верувам дека е крајно време да се посветиме проектите да бидат што пореални, суштински кои што реално ќе ги променат работите во нашата држава, а не само проекти за да бидат потрошени парите.,, вели Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу

Досегашните искуства покжауваат дека оваа програма е најуспешна во однос на одобрени проекти, а искористеноста на средствата е над 90%. Од македонска страна може да учествуваат апликанти од 27 општини од Североисточниот, Источниот и Југоисточниот регион.