Балкан
1. April 2016 - 16:20

Со првото сонце се појавија и првите змии, еве каде се видени!

На бреговите на реките често можат да се забележат неотровни змии белоушка и рибарка.
 
Убавото време во Белград, на Земунскиот кеј раздвижи и посебни уживатели.
 
Ништо необично доколку знаеме дека после долгата зима топлината ги фаворизира овие влекачи. Во овој случај се работи за рибарка, која е неотровна змија. 
 
Според некои податоци во Србија има 10 видови на змии, од кои три се отровни, поскок, шарка и шарган.