Македонија
24. July 2016 - 19:15

Со проектот ,,Македонија вработува 2‘‘ досега вработени 170 лица

Расте бројот на вработени лица, со помош на проектот Македонија вработува 2. Откако стартуваше проектот на почетокот на месецов па досега, се вработиле околу 170 лица. Тоа е колку една помала нова фабрика, потенцираше лидерот на владеачката партија Груевски при денешната посета на Охрид.

Груевски посочи дека  во првите 5 месеци годинава е регистриран раст на прометот во индустријата за 11,4 % во споредба со истиот период лани. Тоа е знак дека економијата добро се држи наспроти сите негативни влијанија од вештачки предизвиканата криза од СДСМ. Доказ за тоа се најавените нови инвестиции и отварањето на нови работни места.

Со првиот проект Македонија вработува околу 19 000 лица дојдоа до своето работно место. Очекувањата се дека за една година колку што ќе се применува проектот Македонија вработува 2 ќе се отворат од 15 до 20 000 нови работни места.