Македонија
27. July 2016 - 16:21

Со превентивните прегледи за справување со топлотниот бран спасен животот на 6 лица

На шестмина скопјани им бил спасен животот на превентивните пунктови за заштита од топлото време. Имале многу висок крвен притисок и итно биле испратени во најблиската болница.  Според лекарите, ваквата дијагноза е еден од ризик факторите за мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања.

- Може да се каже дека им е спасен животот. Имале неконтролиран притисок а на пунктовите кога дошле се пожалиле на силна главоболка, вели Татјана Баевска Вучковиќ директор на Здравствен дом Скопје.  

Уште кај 60 граѓани од Скопје бил дијагностициран покачен притисок и од медицинските екипи добиле укажување да одат кај матичните лекари. За две недели, трите пункта на Здравствен дом Скопје ги посетиле над 3000 скопјани. Фиксниот, кој е лоциран на кејот на Вардар го користат и спортистите и лицата кои се рекреираат во попладневните часови.

- Тие доаѓаат на пунктовите пред рекреација и го мерат притисокот и пулсот и после рекреација го прават истото. останатите добиваат и флаери за заштита од топлото време, вели Баевска Вучковиќ

 И оваа лето 5-та година по ред Здравствен дом Скопје и Министерството за здравство го реализираат  проектот за превенција од топлото време.  Анализите кои ги прават покажале дека функционирањето на пунктовите  дава резултати, намален е бројот на колапси кога е најтопло, а помалку граѓани се јавуваат и на Брза Помош.