Македонија
18. March 2016 - 19:51

Со премиера на „ВИКАЈ МЕ СРЕЌА“ ќе се одбележи Светскиот ден на Даунов синдром

Со премиерна изведба на претставата „Викај ме среќа“ годинава ќе се одбележи светскиот ден на Даунов синдром. На малата сцена на Македонскиот народен театар во недела, главните улоги ќе ги играат актери аматери со Даунов синдром заедно со глумците на МНТ.

Театарската претстава е дел од годишната програма на Министерството за култура. Според минисерката Канческа-Милевска лицата со Даунов синдром се дел од нашето секојдневие и тие заслужуваат да бидат целосно вклучени во општеството. Во таа насока, министерството досега има реализирано повеќе проекти.

Уверена сум дека создавањето на оваа театарска претстава беше исклучително искуство за сите учесници во проектот особено за младите актери со Даунов синдром меѓу кои верувам дека се кријат бројни таленти со огромна креативност кои понатаму ќе се профилираат токму во театарската сфера.  Министерството за култура и нашите институции се отворени за соработка и иницијативи се со цел да го унапредиме културното живеење на лицата со Даунов синдром, да ги стимулираме нивните креативни потенцијали, да градиме заеднички вредности кои не спојуваат, додаде Канческа-Милевска. 

21 март, Светскиот ден на Даунов синдром, годинава ќе се одбележи под слоганот „Моите пријатели, моја заедница“.