Здравје
25. March 2016 - 20:24

Со помош на едноставна, евтина и вкусна витаминска салата за само 3 дена, ослабнете и прочистете ги цревата

 
Со помош на едноставна, евтина и вкусна витаминска салата која треба да го замени вашиот вечерен оброк во текот на три дена ќе ги исчистите цревата и ќе ја намалите телесната тежина, а патем се регулира и киселоста во желудникот.
 
Основните компоненти на оваа витаминска салата кои го збогатуваат организмот со витамини и минерали, се преполни со влакна и со пектин, а благодарение на тоа, ова здраво јадење придонесува за ефикасно чистење на цревата. Со самото тоа, поради исфрлање на фекалните наслаги се намалува и телесната тежина.
 
Бидејќи некои состојки од оваа салата се нискокалорични, со воведување на овој орбок (како вечера, на пример), може да се ослободите и од масните наслаги.
 
За оваа витаминска салата ви се потребни:
 
-зелка
 
-цвекло
 
-морков
 
-темнолистет зеленчук
 
-лимонов сок
 
-масло
 
Постапка:
 
Изрендајте ја зелката, цвеклото и морковот во однос 3:1:1.
 
Додадете зачински билки по свој вкус (мирудија, магдонос, целер). Изгмечете го зеленчукот да пушти сок. Додадете малку лимонов сок. По желба, за постигнување на пикантност, во салатата може да додадете и изгмечено чешне лук.
 
Залијте со многу малку растително масло (се препорачува ленено или маслиново).
 
Салатата не е потребно да се соли. Ако не можете да се одречете од солениот вкус, користете соја сос, која содржи во себе сол и го подобрува вкусот на храната, а има високо нутритивна вредност и што е најважно, не е штетна по здравјето.