Со показна вежба, во Дебар одбележан Денот на пожарникарите
Со показна вежба, извлекување повредено лице во запален автомобил при сообраќајна несреќа, Дебарската територјална противпожарна единица го одбележа, 20 мај, Денот на пожарникарите.
Показната вежба се одржа во центарот на градот, а ја следеа голем број граѓани, претставници на институции, како и градоначалниците на Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, каде дебарските пожарникари гаснат пожари.
Пожарникарите на вежбата ја потврдија нивната подготвеност за брза, навремена и успешна интервенција.
- Честирајќи ви го денот сакам да ви искажам голема благодарност и признание за вашата максимална пожртвуваност. Активни сте секаде каде што за тоа има потреба, во општина Дебар, Центар Жупа, Маврово Ростуше, но вашата хуманост ја покажувате и со фактот што, по потреба интервенирате и во пограничните делови на соседна Албанија. И досега и во наредниот период ќе настојуваме за што подобро опремување на единицата, зашто сето тоа е во интерес на граѓаните, рече дебарскиот градоначалник Ружди Љата.
Голема благодрност што со брзата интервенција спречиле поголеми катастрофи и секако добрата соработка искажаа и градоначалниците на Центар Жупа, Аријан Ибраим и на Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди. Тие изразија верба дека добрата соработка и разбирање на продолжи и во иднина и посакаа единцата да има што помалку работа.
Сепак, според статистичките податоци кои ги соопшти командирот на ТППЕ, Џетан Мифтароски, во измнатиот период од годинава, споредено со истиот период лани, едницата имала повеќе интервенци.
- Од почетокот на годинава имавме 56 пожари или 70 отсто повеќе споредено со лани истиот период. Од вкупниот бро,ј 40 пожари се во објекти и причинетата материјална штета е поголема, посочи Мифтароски.
Тој од претставник на фабриката „Кнауф“ прими донација вакум пумпа за вода, што е последователна донација од оваа компанија, која претходно донираше противпожарно возило.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп