-->
-->
Со победа над Русија младите македонски ракометари го почнаа СП
-->
Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија со победа над Русија го започна својот настапот на Светското првенство за играчи до 21 година кое се одржува во Алжир.
Младите македонски ракометари ги совладаа руските врсници со 29-23 полувреме 10:11.
Првиот дел се играше гол за гол, а на крајот Русите има минимална предност од 11:10. Во вториот дел противникот поведе и со три гола разлика 14:11, но црвено-жолтите успеаја брзо да се вратат во игра и да израмнат на 15:15. Набргу потоа избраниците на селекторот Илија Темелковски го презедоа и водството кое од минута во минута го зголемуваа за на крајот да остварат победа со седум гола разлика 29:22.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Филип Талевски со 5 постигнати гола, додека Филип Кузмановски постигна еден помалку, а одличен на голот беше и Томовски кој забележа 11 одбрани.
Во другите два натпревари од оваа група кои беа одиграни претходно Шпанија го победи Бразил со 29:21, а Тунис беше убедлив против Буркина Фасо со 50;17.
Утре е слободен ден во нашата група, а дуелите од 2.коло ќе се играат во четврток и тоа: Бразил - Тунис (од 17 часот), Русија - Шпанија (19 часот) и Македонија - Букина Фасо од 21 часот).
Потсетување дека првите четири места во групата носат пласман во осминафиналната рунда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација