Македонија
27. July 2015 - 16:47

Со остар предмет гневни грци му го оштетиле возилото на турист од Македонија во Калитеа

Со остар предмет гневни грци му го оштиле возилот на турист од Мкаедонија кои летниот одмор го минувал во Калитеа. Автомобилот опел астра со кумановски регистарски ознаки ќе мора да оди на фарбање. Покрај бојата сторителите со остриот предмет целосно ги уништиле и ознаките МК кои се поставени на регистарските ознаки. Кумановчанецот сепак одлучил за случајот да не пријави во грчката полиција. За инцидентот се пожалил дури кај македонските гранични службеници на Богородица. Ова е петти случај од стратот на сезоната.

Се уште е рано да се прават пресметки за годинава, но податоците на МВР покажуваат дека годишно имало од 20 до педесет вакви случаи. Најчесто станува збор за уништување на ознаките МКД кои се наоѓаат на возилото или табличките, но неретко гневните грци оставаат и заканувачки пораки на возилата на македонските туристи. Штета секогаш останува на товар на оштетените туристи.