-->
-->
Со нож ограбуваат деца на булевар „Партизански одреди“
-->
Синоќа по 18 часот на булевар „Партизански одреди“ извршени се две разбојништва во кои со закана со нож се одземени пари и часовник.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 18,20 часот пријавено e дека во Скопје на бул.“Партизански Одреди“ од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над П.П. (19) при што му биле одземени 300 денари.
Вториот случај две непознати лица во 18 и 45 минути на автобуска постојка пред Трговскиот Центар „Алуминка“, со закана со нож извршиле разбојништво над А.Т. (19) и уште едно 17- годишно лице при што и на двајцата им биле одземени по 200 денари и часовник.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Регистрирани нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари