Македонија
7. јуни 2016 - 16:48

Со нови 74 специјализанти, министерството за здравство ќе го зајакнува кадарот

Во Клиничката болница во Тетово за прв пат ќе има ендокринолог а во Прилеп специјалист по гастроентерохепатологија. Пациентите од овие региони бенефитите ќе ги добијат за 4 години по завршување на специјализациите. Ова е дел од големиот проект на Министерството за здравство за зајакнување на капацитетите на здравствениот систем. На вториот оглас избрале 74 лекари кои не се вработени во ЈЗУ и кои ќе имаат кофинансирани специјализации од кои дел ќе им покрива државата. најголема добивка според Тодоров е 20 –те лекари на КАРИЛ, имајќи ја во предвид дефицитарноста на анестезиолози.

-Ова е многу важно бидејќи сите тие од септември ќе почнат да специјализираат на КАРИЛ и потоа оваа установа е обврзана да ги вработи. Бенефитот ќе биде долгорочен. Тоа е многу значајно за унапредување на специјалистичката здравствена заштита во сите тие ЈЗУ и за пациентите кои досега за конкретна специјалистичка услуга патуваа во друг град, а сега ќе ја добиваат блиску до местото на живеење, изјави Никола Тодоров министер за здравство. 

Овие специјализанти како и деведесетте од претходниот оглас додека специјализираат ќе земаат просечна плата а по завршувањето ќе имаат загарантирано вработување.

-На пример овој од гевгелиската болница, ќе дојде во Скопје ќе специјализира и потоа ќе се врати во гевгелија и ќе продолжи да работи во гевгелиската болница, вели Тодоров

Првиот оглас беше наменет само за лекари кои веќе имале запишано приватни специјализации и веќе е при крај потпишувањето на договорите за кофинансирање.

Оваа реформа според надлежните е значајна за унапредување на специјалистичко консултативната здравствена заштита.