Бизнис
23. January 2017 - 20:56

Со нов закон Македонија ќе ги намалува количините на отпад

Граѓаните сеуште со ниска свесност за штетите што ги создаваат со фрлањето на отпад. Сите статистики покажуваат дека домаќинствата создаваат најголеми количини.

Надлежните сметаат дека цените што по општините граѓаните ги плаќаат на комуналните претпријатија се многу ниски и неодржливи. Со тие суми не можат да се создадат прописни депонии поради што отпадот завршува на дивите депонии низ земјава кои претставуваат еколошки жаришта.

Надлежните посочуваат дека во земјава има само една легална депонија која работи по европски стандарди. Освен Дрисла има околу 55 активнни диви депонии и околу 1000 рурални депониии. Овие  депонии  постепено ќе се затвораат и ќе се отворат прописни  регионални депонии.

Последната статистика во 2015  бележи скоро 9 процентно зголемување на количеството на собран комунален отпад споредено со 2014. Од вкупните количини само 19 отсто се собрани од компаниите, остатокот е од граѓаните.

Речиси целото количество односно 99,4 % се отстранува на депонија.