Со лажна диплома се вработил како командир на противпожарна единица
Полицијата поднесе кривични пријави за злоупотреба на службена положба против директор и наставник на средното училиште „Цветан Димов“ за издавање лажна диплома за завршено образование на О.С. од Старо Нагоричане, кој исто така заработил кривична пријава бидејќи ја употребил да се вработи како командир на Територијална противпожарна единица во оваа општина.
Првопријавениот, В.Д. (35) како одговорен наставник за вонредни ученици во средното училиште “Цветан Димов“ - Скопје и второпријавениот Ш.З. (38) како директор во училиштето и покрај тоа што знаеле дека третопријавениот не бил запишан како вонреден ученик во 2012 и 2013 година, туку бил запишан на точно неутврден датум во 2014 година, како и дека, третопријавениот не ги полагал сите испити по предметите, своерачно, со потписи и печат му изготвиле и издале четири лажни свидетелства и диплома за положен завршен испит, како и лажна потврда.
Третопријавениот ги употребил како доказ во правниот сообраќај во повеќе наврати, како и при засновање на работен однос на неопределено време на работно место командир на територијална противпожарна единица во Општина Старо Нагоричане, за што од 1 јануари 2015 година до октомври 2017 година, му се исплатени 34 месечни бруто плати во точно неутврден износ со кој го оштетил Буџетот на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити