Македонија
30. October 2017 - 17:05

Со изградба на регионален стационар Охрид ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион општините Охрид Дебарца Струга и Ресен заеднички со изградба на регионален стационар ќе го решаваат проблемот со кучињата скитници.Најнапред ќе се отпочне со стерилизација нега и згрижување на кучињата а ќе се обучуваат и вработените од комуналното претпијатие . Веќе подолг период глутница кучиња шараат низ улиците градскиот плоштад и стариот дел кои претставуваат не само лоша слика за градот туку и опасност за  граѓаните и туристите.

Во моментов во Охрид формално постои  шинтерска служба за третман на бездомните кучиња но не функционира.

Инаку во изминатиов период бројот на бездомните кучиња значително се зголеми во охридско струшкиот регион беа регистрирани неколку случаи на напади врз деца и повозрасни лица.