Бизнис
14. September 2017 - 19:37

Со инспекции и казни ќе се проверуваат газдите дали исплаќаат минимална плата

Со казни и контроли министерството  за труд  ќе утврдува дали газдите  ќе  ја исплаќаат  минималната плата.  Министерката Царовска вели дека  учинокот кој стои во законот како услов за исплата на минималецот е дискутабилен и може да има злоупотреби. Синдикатот пред два дена обелодени дека загарантирана плата нема да има за сите работници, туку само за тие кои ќе оставарт норма. Но не е презизирано кој и како ќе се утврдува истата.

Од Синдикаот на индустријата се револтирани – во преговорите со влада на социјално- економскиот совет било одлучено учинкот повеќе да не посоти, но откако законот е влезен во собрание, терминот е вратен во текстот.

Од септември минимална плата од 12 илјади денари треба да добијат 130 илјади работници.