Балкан
25. September 2017 - 12:51

Со голотија до победа: Дали оваа девојка може да стане претседател на Словенија

Оваа девојка е од Словенија и обожава да позира за календари, списанија, секако гола. Изјавила дека одлучила да се фотографира гола затоа што немала предрасуди. Исто така, додала дека никогаш не се занимавала со проституција, како што се пишувало во тамошните медиуми, туку дека тоа било „маркетинг трик“ . Нејзиното име е Мартина Валенчиќ и тврди дека ќе биде следниот претседател на Словенија.
Мартина е убедена дека моменталниот претседател Борут Пахор е само манекен, убаво лице преку кое со Словенија управуваат од страна, а таа одлучила да се вклучи и да ја прекине таа политика, пишува „24sata.hr.“