Бизнис
25. May 2017 - 19:47

Со формирање на социјални претпријатија поголема вработливост на ранливите лица

Здружението Љубезност од Скопје веќе 4 години дели топол оброк на бездомниците и социјално загрозените семејства.

Секоја сабота  пред споменикот на Мајка Тереза овие лица се срдечно пречекани од претставниците.

Ова е само еден пример на организација која делува како социјално претпријатие. Но освен хуманитарната помош здружението ќе ги обучува и полесно да дојдат до работа.

Ако се развие социјалното претприемништво ќе се намалат обврските на државата кон овие лица. Тие полесно ќе можат да дојдат до работа и да си ја обезбедат својата егзитенција.

Студентите од змејава ќе се обучуваат на поголема свесност за социјално претприемништво, како да основаат претпријатија и да обезбедат вработувања за овие лица.

Работилници, тренинзи, креирање работни места е најдобар начин за интеграција на овие лица, а не само да им се даде облека и храна.

Во ЕУ има 2 милиони социјални претпријатија со над 13 милиони вработени лица. Кај нас иако не постои Закон веќе има 12 реално постоечки социјални претпријатија кои помагаат на лицата од овие категории.