Бизнис
20. February 2018 - 20:37

Со европски пари ќе се градат системи за наводнување

Повеќе од 10 мали системи за наводнување ќе се градат на максимум 8 локации во земјава. Парите се обезбедени од европските фондови а целта е да се надмине проблемот со сушите кои се јавуваат во одредени региони. Системите ќе бидат на површина од околу 300 ха, а откако ќе се изградат со нив ќе стопансисуваат земјоделските здруженија кои претходно ќе бидат обучени да управуваат со нив. Министерот Николовски очекува дека со ова значително ќе се подобри конкурентноста во аграрот и ќе им се помогне на змејоделците полоесно да се справат со климатските промени.
 
- Состојбата со системите за наводнување не е задоволителна. Во некои региони системите за наводнување се нефункционални и руинирани поради што е потребна итна рехабилитација, како и изградба на нови, нагласи министерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешната презентација на проектот. 
 
Точните локации на системите ќе се знаат наскоро. Нема да биде опфатен само скопскиот регион. Земјоделските здруженија кои ќе управуваат со системите ќе треба да утврдат и тарифа за водата за наводнување достапна за корисниците. Само така системите ќе бидат одржливи -посочуваат надлежните од проектот.
 
Проектот ќе трае повеќе од две години. За негово спроведување се обезбедени близу 1,7 милиони евра од ИПА програмата.