Македонија
16. February 2017 - 16:07

Со бугарската резолуција на ЕП е извршени груб фалсификат и геноцид врз македонскиот народ во Албанија

Македонците во Албанија не се Бугари! Во Албанија нема Бугари ниту во Мала Преспа, ниту во Голо Брдо ниту во Гора, реагираа од Светскиот македонски конгрес на резолуцијата за Албанија, усвоена во Европскиот Парламент во која бугарските европратеници успеаа да вметнат параграф со кој се бара Тирана да се грижи за бугарското малцинство во земјата. Претседателот на Конгресот Тодор Петров вели дека Софија продолжува со антимакедонската политика.

-За жал во институциите на ЕУ одамна на голема врата навлегуваат политиките и интересите на Бугарија и Грција, како продолжение на интересите од Балканските војни, Македонија и Македонците да ги нема. Токму заради тоа упатуваме најостра критика на резолуциите на ЕП во кои Македонците во соседните земји на републиката, во случајов во извештајот за напредување на Албанија за членство во ЕУ, Македонците во Албанија се третираат како Бугари, ијзави Петров.

Светскиот македонски конгрес бара македонската влада отворено да протестира до ЕУ и во сите документи Македонците да бидат наведени со сопственото име и идентитет.

И здружението на Македонците од Албанија ,,Илинден’’ побара и од албанската, но и од македонската влада да реагира со демарш до оцијален Брисел и официјална Софија поради лажно вметнување на бугарската историја во официјални документи на ЕУ.

Во извештајот е направен груб фалсификат и огромна невистина, која задира во чувствата на Македонците. Од друштвото нагласуваат дека во резолуцијата е извршена груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите нации, како и геноцид врз македонскиот народ во Албанија.