Ракомет
15. January 2017 - 20:04

Со борбена игра можеме да бидеме блиску до посакуваниот резултат

Македонската ракометна репрезентација попладнево го одржа единствениот тренинг на слободниот ден за нашите играчи. По двете стартни победи, следуваат дуелите со трите европски репрезентации во рамките од Б групата. За пласман во следната фаза е потребно да се освои барем еден бод на следните натпревари. Шанса за осминафинале имавме и денеска, но дуелот меѓу Исланд и Тунис заврши без победник 22:22, па двете селекции пред се Тунис останаа со шанса за осминафиналето бидејќи и двете до крајот ќе играат против Ангола.

  • Ја знаеме играта на Словенија. Нивната силна страна е позицијата среден бек во нападот и транзицијата. Ќе мораме да ја запреме. Треба да бидеме пред се многу борбени и со тоа ќе имаме шанси за посакуваниот резултат. Со добрата зонска одбрана можеме многу да направиме пред се да го неутрализираме нивниот напад и контрите и полуконтрите. Инаку, точно е дека ќе беше убаво да бевме осминафиналисти, изјави селекторот Лино Червар на денешниот тренинг.

Дуелот Македонија - Словенија се игра утре од 17:45 часот. По некомплетното трето коло Словенија, Македонија и Шпанија се на врвот на табелата со по 4 бодови, Исланд и Тунис имаат по еден бод, а Ангола е без бод.