Бизнис
13. February 2018 - 19:40

Со блокада на патниот правец Куманово- Демир Капија вработените во Веибо си ги бараат парите

По двочасовна блокада на патниот правец Куманово Крива Паланка Деве Баир, од страна на вработените на  Веибо груп, сообраќајот е нормализиран.

Блокадата следува по неисполнетите ветрувања од страна на менаџментот, неисплатените 3 плати, прекувремени часови и  придонеси. 

Иницијативниот одбор на Веибо најави дека утре од 12 до 14 часот повторно ќе го блокираат сообраќајот и како што велат, блокадите ќе траат се додека не се реши нивниот проблем.

Владата е запознаена со проблемите на над 200 вработени и вети дека наскоро ќе се најде решение за нив.