Балкан
4. April 2017 - 11:37

Со автомобил покоси цело семејство кое седело на клупа, повредено бебе, мајка и баба

Бранислав Ранитовиќ (43) од Стари Бановци е уапсен под сомнение дека на 1. април со автомобил ја удрил Дејана Аксентиќ (35), нејзината едногодишна ќерка Х.А. и нејзината мајка Ружица Влаховец (60) додека седела пред својата куќа.

Возачот изгубил контрола над своето возило и со пасатот најпрвин удрил во ќошот од куќата на Аксентиќ, а потоа се одбил и удрил во Дејана, нејзиното бебе и мајката кои биле на клупа на тротоарот пред куќата. Трите се повредени и со исеченици и нагмеченции се пренесени во Ургентниот центар.

Иако набрзо се пуштени, сепак доживевеале голем стрес, а на возачот му е одреден притвор од 48 часа.

До несреќата дошло најверојатно зошто наместо на кочница притиснал на гас и влетал во дворот на своите кумови Аксентиќ, односно ненамерно ги удрил.

Бранислав бил разведен и имал синче, а полицијата го задржа за да испита дали бил под дејство на алкохол кога удрил во нив.