Балкан
13. August 2015 - 13:20

Со аудио снимка ИСИС го потврди убиството на Томислав

Припадниците на ИСИС денеска објавија и аудио снимка со која тврдат дека го убиле Томислав Салопек кој го држеа како заложник. Снимката доаѓа еден ден откако беше објавена и фотографија од обезглавен маж на која тврдат дека се наоѓа несреќниот Хрват кој го заробија во Египет.
 
- Во Синај војниците на Калифатот го убија хрватскиот заложник, чија земја учествуваше во војната против Исламската држава, се вели во аудио снимката.
 
Инаку, семејството на Салопек изјави дека се уште не ја губи надежта и покрај големата тага. Засега нема официјална информација од МВР за настанот.