Македонија
10. July 2016 - 16:35

СНП бара затварање на границата со Македонија

Српската народна партија бара итно затворање на српско-македонската граница, поради спречување на неконтролиран прилив на мигранти на нивна територија. Преку писмено соопштение објавено на интеренет страницата на партијата бараат доколку затворање на границата не вроди со плод, српските власти да постават бариера на границата со Македонија, на начин како што тоа го направиле многу земји од Европската унија.

-Кревање на бариера на границите е принцип кој се применува во целата Европска унија. Србија треба да почне да применува иста мигрантска политика која ја спроведуваат и членките на ЕУ. Државата мора да покаже подготвеност и одлучност да спречи било каква нестабилност поредизвикана од напливот на мигранти, бидејќи заштитат на луѓето и нивните имоти е еден од најважните национални цели.

Затворањето на балканската рута го намали протоколот на мигранти низ територијата на Македонија но отвори нови фронтови за македонската полиција во борба против нелегалниот бизнис со криумчарање на бегалци.

Од МВР велат дека периодов дополнително ќе се зајакнат контролите и борбата против лицата кои нелегално пренесуваат мигранти од македонско грчката граница кон Србија.