Свет
29. September 2015 - 22:33

Сноуден отвори налог на Твитер

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден отвори налог на популарната социјална мрежа Твитер.

Како што објави телевизијата „Раша Тудеј“, првата објава на Сноуден на Твитер гласела: „Дали можете да ме слушнете сега?“.

Според телевизијата, за кусо време Сноуден собрал повеќе од 160.000 следбеници и нивниот број „расте од минута во минута“.

Сноуден стана познат откако ја обелодени тајната програма на НСА за масовно прислушување ширум светот, по што побегна од САД и сега живее во Русија.