Свет
18. February 2018 - 14:04

Снимка од Канада ги преплави социјалните мрежи

Жителите на Британска Колумбија, кај канадската провинција направиле видео на 13 јануари кое набрзо предизвикало голем број на шпекулации.
 
Видеото е направено кај кањонот Чикамус и на почетокот се гледа сонцето, меѓутоа за кратко се гледа како сонцето да се раздвојува и настануваат две сјајни ѕвезди.
 
Снимката ги преплави социјалните мрежи а имаше најразлични теории- од најверојатните, дека се работи за оптичка илузија до фантастични како на пример дека се работи за планетеа Нибур која го најавува крајот на светот. Сепак погледнете ја снимката па пресудете сами за што се работи.