Свет
25. February 2018 - 10:44

Снежна бура во САД - загинаа две лица

Во снежната бура, што се прошири кон централните делови на САД, загинаа две лица, а уништени се голем број домови и возила. 

Во бурата, што е проследена со силни ветрови, загинаа 83-годишен маж од Арканзас и 79-годишна жена од Кентаки. 

Поради надоаѓањето на бурата во јужниот дел на Мисури прогласена е вонредна состојба. 

Во северозападниот дел на Индијана се евакуирани 30 семејства за време на бурата.