Македонија
5. January 2017 - 10:45

Снегот не предизвика проблеми во Кумановско

Екипите на приватните компании ангажирани преку општина Куманово за зимско оддржување на улиците, утрово интевренираа во источната и западната зона од градот.
 
- Интервенирано е на главните улици и булевари, кај мостовите, надвозниците. Фрлени се по 15-тина тони сол, соопшти помошник-раководителот на Секторот за урбанизам Момчило Јовановски.
 
За зимско оддржување на Куманово склучен е договор со две компании за две сезони. За фирмата од Куманово се одвоени околу 16 милиони денари, а за фирмата од Скопје околу 14 милиони.
 
Првата сезона завршува на 15 март 2017, втората е од 15 октомври 2017 до 15 март 2018 година.
 
Вчера седница одржа Општинскиот кризен штаб кој ги утврди насоките и препораките за справување со снежните врнежи и последиците од екстремно ниските температури во наредните денови: ставање во функцја на сите општински претпријатија за интервенција доколку се јави потреба, активно следење на  состојбата и по потреба  преземање мерки за ангажирање дополнителна механизација. Беше апелирано, граѓаните, доколку имаат потреба или заблежат бездомници и други ранливи категории лица, да се обратат на телефонските броеви 078/365-061195, 112.