Македонија
19. February 2017 - 18:49

Снег во Македонија - Возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози. Низ цела Македонија врне ситен дожд, додека во Крива Паланка врне снег со посилен интензитет, соопшти ЈП Македонија пат.

Во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.