Македонија
18. October 2016 - 20:01

Снег во Македонија: Еве каде вее!

По најавата на УХМР дека во текот на вечерта се очекуваат првите снежни врнежи на планинските врвови во северозападна Македонија веќе побелеа. Во моментов слаби снежни врнежи се регистрирани на врвовите во Маврово и на Шар Планина.

Во текот на ноќта можно е снежните врнежи да се спуштат и пониско, па не се исклучува да се појават снежни врнежи и на планинските превои, пред се на Стража.