Македонија
15. January 2018 - 18:38

Снег во Македонија - еве каде вее во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Дожд врне низ целата земја, додека слаб снег кој не се задржува на коловозот профрла кај Крива Паланка, Стража, Крушево, Буково, Ѓавато и Смојмирово, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Намалена видливост поради магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Тетово – Шипковица и на планински превој Ѓавато, од 30 до 50 метри.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Според известувањето од Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.