Македонија
25. April 2016 - 21:06

Снег во Македонија - еве каде вее во моментов

Студениот бран кој денеска ја зафати Македонија вечерва донесе снег на повисоките места во западна Македонија. Според последните информации, слаб снег во моментов провејува на Маврово и Попова Шапка како и на планинскиот превој Стража. Единствен град во кој во моментов има слаби снежни врнежи е Дебар, каде моменталната температура е само 1 степен.