-->
-->
Снег во Македонија, еве каде има во моментов
-->
Според извештајот на УХМР утринава мала снежна покривка има во Демир Капија и Ѓуриште, додека во Маврово измерени се 4 сантиметри, а во Берово е највисока 5см.
Најстудено утрово е во Берово -5, -4 во Крива Паланка, Маврово, Лазарополе, -3 Крушево, -2 Ѓуриште, -1 Дебар, Пожаране, 0 Тополчани, Виница, Охрид, Д. Капија, Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Тетово, 1 Струмица, Штип, 4 Дојран, 5 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот има само во Лазарополе помалку од еден литар.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта во земјава преовладуваше ведро време со мала до умерена облачност. Дуваше умерен североисточен ветер кои на повеќе места се засилуваше, особено во Скопската котлина и на моменти достигнуваше брзина до 50 км/час. Утринава времето е сончево со слаб до умерен ветер од северен правец кои повеќе е изразен на повисоките места.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер.Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 4 до11 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 8 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Во поголем дел од земјата ќе има мала до умерена, а во јужните делови повремено зголемена облачност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење