Балкан
21. November 2015 - 19:52

Снег во Хрватска, во Словенија и во БиХ

По невобичаеното топло време во ноември на Балканот, во Хрватска, во Словенија и во Босна и Херцеговина денеска значително се намалија температурите и падна првиот снег.

Температурите на воздухот во Хрватска се двжеа од два до седум, а снег падна на Сљемен, во Горски Котор, како и во Карловац и Дуга Реса.

„Јутарњи лист“ објави дека снегот и силниот ветер предизвикале сообраќаен хаос на автопатот Загреб-Риека.

Во Словенија утрово врнеше дожд, а потоа снег. Бране Грегорчич од словенечката Метеоролошка служба изјави дека во пониските предели се очекува снежната покривка да достигне од пет до десет сантиметри, а на планините од 20 до 40 сантиметри.

Во северозападниот дел на Босна и Херцеговина вечерва почна да паѓа слаб снег, кој не се задржува на патиштата.