Македонија
28. December 2017 - 12:08

Снег вее низ Македонија - еве каде

- Снег со слаб интензитет моментално провејува на Попова Шапка и на Стража, но засега не се задржува на коловозите, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“. 

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.