Македонија
22. March 2018 - 21:21

Снег создаде проблеми во сообраќајот, забрани за камиони на Буково, Ѓавато, Стража, Пресека и Маврово-Дебар

Врнежите од снег предизвикаа проблеми во одвивањето на сообраќајот поради што од попладнево се воведени забрани за камиони на планинските премини Буково, Ѓавато и Стража и на патните правци Маврово-Дебар и Кичево - Охрид преку Пресека.

Од 20:30 часот е воведена и забрана за камиони на патниот правец Македонски Брод - Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.