Македонија
15. February 2018 - 13:15

Снег на дел од патиштата, сообраќајот без забрани

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Гостивар, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот, информира ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои  повисоки места во западните и југозападните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипи на „Македонија пат“.

Во североистичните и источните делови коловозите се местимично влажни.Во централните и јужните делови од државата коловозите се претежно суви, информира Автомотосојузот на Македонија.