Снег и намалена видливост на дел од патиштата
Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот дел на наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП Македонија пат.
Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка и Маврово. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд. Намалена видливост поради магла, од 50 до 60 метри, има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, што ќе трае до 15 март следната година.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо