Смртниот биланс од земјотресот во Иран достигна 530 лица
Најмалку 530 лица загинаа, а околу 7.500 се повредени во силниот земјотрес што го погоди западниот дел на Иран.
Епицентарот на земјотресот од неделата навечер по локално време, со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала бил во Ирак, во близина на границата со Иран, на околу 50 километри од иранскиот град Сарпол е Захаб. Регистрирани се два вторични земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,3 степени по Рихтеровата скала, на длабочина од 19 и 25 километри под површина на земјата. Сеизмолошките служби соопштија дека земјотресот бил почувствуван и во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Израел.
Од земјотресот, во Иран се засегнати седум провинции, каде има материјални штети во 1.650 градови и села. Целосно се разурнати 12.000 домови, а уште толку се оштетени.
Иранскиот претседател Хасан Рохани, кој денеска го посети погодениот регион, изјави дека најмногу оштетување претрпеле становите кои ги изградила државата и оти некој ќе треба да преземе одговорност за тоа.
Иранската државна телевизија соопшти дека потресот предизвикал голема штета, посебно во руралните делови на погодените провинции. Земјотресот предизвика и бројни лизгања на земјиштето, што многу ја отежна работата на спасувачките тимови.
Илјадници Иранци веќе втора ноќ по ред спијат на отворено. Дел од евакуираните луѓе се сместени во кампови, но се жалат дека освен вода, не добиле хуманитарна помош. Тие, исто така, се жалат дека не им се однесени ќебиња и грејни тела, во услови кога навечер температурата паѓа до нула степени.
Во Иран денеска е Ден на национална жалост за жртвите во земјотресот.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок