Случај на силувано 6-годишно девојче ја потресе Македонија - роднина и побарал чаша вода па ја силувал
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, на возраст од 25 години, кое се сомничи дека сторило кривично дело – Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од член 188 ст.1 од Кривичниот законик.
Осомничениот се товари дека извршил други полови дејствија врз жртвата – девојче на возраст од шест години, со кое биле во подалечна роднинска врска.
Имено, тој го искористил моментот кога во близина немало други лица, ја злоупотребил довербата на девојчето со кое живееле во различни куќи, но со исто дворно место и му побарал чаша вода. Кога девојчето отишло да му донесе, тој го следел во куќата и извршил други полови дејствија врз него.
Девојчето за инцидентот и кажало на својата мајка, која настанот го пријавила во полиција. Жртвата е видно потресена од целиот инцидент и со неа работат психолози за да биде во состојба да даде исказ за случувањето.
На барање на јавниот обвинител, судија на претходна постапка на осомничениот му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена, оценувајќи дека постојат сите законски основи за тоа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација