Балкан
20. October 2015 - 17:00

Словенија ќе распореди војска, а Хрватска ќе гради ѕид - Мигрантите во незавидна положба

Илјадници  бегалци преку ниви и полиња од Србија преминуваат во Хрватска, а потоа илегално влегуваат во Словенија. Словенечката полиција соопшти дека синока во змејата влегле речиси 8 000 мигранти. Властите во Љубљана најавија дека под итно ке донесат закон за распоредување војска границата со Хрватска за да го спречат бегалскиот бран.

Во Словенија сега има четири бегалски кампови во кои е претесно за сите. Синоќа дојде до тепачка  мегу мигрантите во Брежице, при што интервенираше и полицијата.

Тензично е и на  српско - хрватската граница. Српскиот министер за внатрешни работи  изјави дека нема да толерира инциденти како оној вчера кога хрватска гранична полиција влегле на српска териториија за да се пресмета со група новинари кои известувале за бегалската криза.

Во мегувреме хрватските медииуми пренесуваат дека владата во Загреб сериозно размислува за две недели да постави сид на границата со Србија. Во тој случај бегласкиот брамн ке се пренасочи кон Романија.