Словенија ја засилува оградата на границата и покрај затворањето на балканската рута
Словенечките власти потврдија дека ќе ја заменат оградата од бодликав тел долж своите граници со поздрава и потрајна, и покрај затворањето на балканската маршрута за мигранти, пренесе Танјуг.
Портпаролот на словенечкото Министерсто за внатрешни работи, Весна Митрич, изјави дека во реонот на Ново Место и Марибор досега е заменета 10 километри ограда од бодликава тел со нова, и тоа во зоните за транзит, селата и туристичките објекти.
Француските медиуми забележуваат дека кревањето нова ограда е дочекано со протести на локалното население, кое смета дека таа лошо ќе влијае врз туризмот.
Словенија во декември постави 166-километри долга привремена ограда за да го запре неконтролираното преминување на мигрантите, кои доаѓаа од Хрватска.
Од октомври минатата година приближно половина милион мигранти ја минаа хрватско-словенечката граница. Повеќето од нив патуваа за Австрија и Германија.
Кога на почетокот на овој месец Словенија ги затвори своите граници за мигранти, премиерот Миро Церар изјави дека оградата „веќе нема да биде потребна“, откако Грција и другите балкански земји ќе почнат да го применуваат шенгенскиот пограничен режим и ќе биде запрен дотокот на мигранти, потсетуваат француските медиуми.
Шефот на парламентарната комисија за безбедност, Бранко Гримс, вчера на прес конференција кажа дека затворањето на балканската маршрута ќе ги натера нелегалните мигранти да бараат нови патишта преку Европа, вклучувајќи ја и помошта на криминалните организации и криминални групи, пренесе ТАСС.
Тој предупреди дека создадената ситуација значително ги усложнува задачите на органите на редот, кои треба да обезбедат контрола врз границата, исклучувајќи го незаконското влегување во земјата како на нелегалните мигранти, така и на радикалните исламисти, и истовремено да им парира на организираните криминални групи.
Ново на Сител
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори