Ракомет
23. January 2018 - 20:13

Словенија ја запре Шпанија, на потег е четата на Раул

Селекцијата на Словенија им одржа лекција на Шпанците и убедливо ги порази со 31-26 во мечот од втората фаза на ЕП во Хрватска.
Оваа победа им носи вкупно три бода на табелата на која во водство е Данска со 6 бода пред Шпанија со 4 и Македонија со 3.
Нашата репрезентација вечерва игра со Чешка и со победа ќе се врати на втората позиција на табелата која ја загубивме по поразот од Шпанците.