-->
-->
Словенија без Доленец на ЕП во Хрватска
-->
Десниот бек на словенечката ракометна репрезентација и на Барселона Јуре Доленец денеска беше опериран и ќе мора да паузира три месеци што значи дека ќе го пропушти Европското првенство во Хрватска во јануари 2018. Доленец подолг временски период има проблеми со менискусот на десното колено. Каталонскиот клуб инсистираше повредата да биде лекувана со операција за по три месеци нивниот нов играч да може да биде подготвен за вториот дел од сезоната.
Доленец во Барселона дојде летово и игра на позицијата на Кирил Лазаров, а потпиша петгодишен договор.
Тој требаше да биде еден од главните играчи на селекторот на Словенија Веселин Вујовиќ. Словенија на ЕП во Хравтска се наоѓа во истата група со Македонија, а дуелот на двете селекции е во првото коло. Доленец поради повреда ќе пропушти второ ЕП откако не играше и на шампионатот во Полска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата