Бизнис
7. јуни 2016 - 21:31

Словенија бара работници: Минималната плата е 784 евра

На крајот на мај биле евидентирани 102.000 лица кои бараат работа, што е за три проценти помалку во однос на април и дури 9 проценти помалку отколку во мај минатата година, објави словенечкиот Завод за вработување.

Словенечките работодавци моментално нудат повеќе од 400 слободни работни места за келнери, а нешто помалку за возачи на камиони, неквалификувани работници за работа во индустријата на едноставни работни задачи, чистачи и хигиеничари, а од стручните професии многу барани се електричари, металостругари и заварувачи.

Според податоците на Заводот, стапката на невработеност моментално е 12 проценти и е во благ пад.

Минималната плата во Словенија е 784 евра, што би било најмалата бројка што некој може да ја заработи на било која работа. Ако на тоа, во случај да работите како келнер, се додаде и бакшишот, јасно е дека заработката би била одлична.