-->
-->
Словенечка доминација на Планица
-->
Словенецот Роберт Крањец победи на претпоследниот индивидуален натпревар во ски скоковите во Светскиот куп. Успехот на Словенците на домашен терен, на легендарната скокалница во Планица, го комплетираше најдобриот оваа сезона, Петер Превц, кој го освои второто место.
Роберт Крањец до втората сезонска победа, вкупно седма во кариерата, стигна со скоковите од 224,5 и 236 метри, кои му донесоа 447,6 поени.
Пред 22.500 навивачи на Планица второто место го освои најдобриот оваа сезона, Петер Превц, со скоковите од 218 и 242 метри.
Третото место, исто како и на натпреварот кој се одржа ден претходно, му припадна на Норвежанецот Јохан Андре Форфган (223,5 и 232 метри).
На Планица в сабота на програмата е тимското натпреварување, а в недела е големото финале со кое ќе заврши сезоната во Светскиот куп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени