-->
-->
Слободен влез за максимална помош од трибините за ракометарките
-->
Македонската женска ракометна репрезентација в сабота (10 јуни) од 20:30 часот во СРЦ „Кале“ ќе го одигра првиот натпревар од бараж-двомечот за пласман на СП 2017 против силната Шведска.
Влезот за натпреварот е слободен, па се очекува максимална поддршка од трибините за нашите репрезентативки за овој важен натпревар.
До пласман во баражот „црвено-жолтите“ стигна со успешниот настап на квалификацискиот турнир на Фарски Острови на кој покрај Македонија и домаќинот, настапија уште Исланд и Австрија.
Во склоп на подготовките за баражот, Македонија одигра три контролни натпревари против Русија, Литванија и Турција на меѓународниот турнир во Анталија.
Реваншот ќе се одигра во Шведска на 13 јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа