Фудбал
19. February 2016 - 12:23

Слика со Путин чини 300 000 евра

Фудбалскиот клуб Локомотив од Москва реши парично да го казни Дмитри Тарасов со 300.000 евра, поради инцидентот кој го предизвика во Истанбул, кога по мечот со Фенербахче истакна маицата со ликот на Владимир Путин.
 
Како што се наведува, клупските челници биле разочарани од потегот на Тарасов и поради тоа решиле да му изречат рекордна казна во клупската историја.
 
Тарасов (28) нема да ги добие бонусите и премиите за резултатите кои клубот ќе ги оствари во февруари.
 
Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена постапка против Локомотив и Тарасов, а одлуката околу евентуалните казни ќе ја донесе на 17.март.